Sport Life е професионална обложувалница која повеќе од 15 години работи на територијата на Македонија. Позната е по богатата понуда, високите коефициенти, широкиот спектар на игри и високите лимити за уплата и исплата.
Која е Sport Life обложувалницата?
Sport Life е обложувалница која веќе подолго време е еден од лидерите во оваа индустрија на територијата на Македонија. Без сомневање може да се каже дека се работи за врвна обложувалница која редовно успева да ги изненади своите клиенти со бројни бонуси и промоции. Формално Sport Life е обложувалница која е впишана во Централниот регистар во средината на 2007 година и има седиште во главниот град Скопје. Основањето на компанијата датира од пред повеќе од две децении, во 2002 година, и започнува да работи како спортско друштво чија што основна дејност е обложување на спортски натпревари. Локацијата на својата прва обложувалница Sport Life ја имаше во Скопје, поточно во населбата Кисела Вода.
Дали можеме да и веруваме на SportLife Македонија?
Sport Life е една од обложувалниците која поседува најголема доверба помеѓу клинетите во Македонија. Согласно важечката легислатива, Sport Life има лиценца за посебни игри на среќа во обложувалница под број 44-4785/1 од 22.05.2018 година, издадена од Министерството за финансии под Владата на Република Северна Македонија.
Како можам да се регистрирам на SportLife?
Вебсајтот на Sport Life е дефинитивно инзвонреден и може да се истакне дека е во согласност со сите светски трендови. Веднаш откако ќе ја внесете интернет адресата на страницата во пребарувачот на вашиот компјутер или телефон, се отвора почетната страница на обложувалницата. Она што веднаш ќе го забележите е модерниот интерфејс на вебсајтот. Во горниот дел од страницата има мени со икони кои со нивното кликнување веднаш ќе ве пренасочат до профилите на социјалните мрежи кои Sport Life ги поседува на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Понатаму, вебсајтот нуди опција за да го изберете посакуваниот јазик, Македонски или Англиски, а веднаш до нив се опциите преку кои можете да се регистрирате на вебсајтот или да се најавите доколку веќе имате корисничка сметка.
Веднаш под нив има уште едно мени кое на кое стои логото на обложувалницата и категориите. Подолу се наоѓа голем слајдер на кој што се претставени најновите информации, бонус понуди и промоции на Sport Life. Актуелните вести од светот на спортот се наоѓаат централно во средишниот дел од вебсајтот.
Веднаш под тој дел, се наоѓа одделот во кој можете да ги проверите вашите тикети. Се што треба да направите е да го внесете бројот на вашиот тикет и веднаш ќе ви биде дадена информацијата дали истиот е добитен или не.
Почетната страница на Sport Life исто така го нуди билтенот и дневниот додаток заедно со супер типот во pdf формат.
За крај, на почетната страница е прикажана табела со натпреварите од различните спортови кои се најиграни во периодот од кои можете да изберете опции за типување.
Како што е вообичаено, долниот дел од почетната страна е резервиран за податоците на обложувалницата како и сите линкови кои можат да им користат на обложувачите.
Наједноставно кажано, вебсајтот е ултра модерен и едноставен за навигирање.
SportLife спортско обложување
Застапеноста на спортовите не е на највисоко можно ниво судејќи по светските стандарди, но сепак Sport Life нуди широка понуда на која можете да се обложувате. Sport Life во главно ги нуди најпопуларните спортови за обложување како што се фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, хокеј, безбол, американски фудбал, а често во понудата за обложување можат да се најдат и настани од е-спортовите.
На што можам да се обложувам во SportLife?
Она што ја издвојува Sport Life обложувалницата се многубројните опции кои таа ги нуди во рамките на еден натпревар. Доколку се работи за натпревар од најеминентните фудбалски лиги, како Лигата на шампиони, Премиер Лигата, Серија А или Ла Лига, Sport Life ви нуди и до 550 различни игри за секој натпревар. Освен стандардните игри за победник на натпреварот, вкупно голови, двојна шанса, полувреме/крај, Sport Life нуди и многубројни комбинации на истите. Како пример за тие комбинации можете да одиграте конечен тип со број на голови, двојна шанса со вкупен број на голови, број на голови во рамките на секое полувреме итн. Во секој случај, понудата на Sport Life е исклучително богата и можете да правите многубројни комбинации.
Дали SportLife нуди конкурентни коефициенти во споредба со останатите македонски обложувалници?
До пред неколку години, висината на коефициентите во Sport Life беше често критикувана од страна на играчите, но менаџментот на обложувалницата направи чекори во вистинска насока со цел подобрување во тој поглед. Се уште не може да се истакне дека коефициентите во Sport Life се највисоки на македонскиот пазар, но во секој случај се конкурентни со останатите обложувалници. Со оглед на тоа, доколку ја изберете обложувалницата на Sport Life сигурни сме дека нема да згрешите.
Кога зборуваме за очигледниот напредок во поглед на висината на коефициентите, тоа не се однесува само на оние кои се однесуваат на фудбалот, туку и на останатите спортови како што се кошарката, ракометот, тенисот итн. Често се случува коефициентите генерално да се намалуваат од определени причини, но тоа не е случај само со Sport Life, туку со сите останати обложувалници на македонскиот пазар.
Како да депонирам пари во SportLife?
Моментално Sport Life нуди опции за онлајн обложување единствено со уплата на трансакциска сметка на обложувалницата. Уплатата ножете да ја направите во пошта, банка или со користење на системот на е-Banking. Компанијата најавува дека се работи на овозможување и на други методи за уплата, но засега во функција е единствено овој метод. Доколку сакате да го искористите овој метод, тоа можете да го направите со пополнување на уплатница на која ќе ги внесете сите потребни податоци кои се однесуваат на вас и на обложувалницата. Она што всушност треба да го направите е да уплатите средства на жиро сметката на обложувалницата во НЛБ БАНКА 210-0622068104-05, а во полето за назив на примач потребно е да ги внесете податоците на обложувалницата – назив на примач Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, со адреса на бул. „Борис Трајковски“ бр. 198, 1000 Скопје.
Како можам да повлечам пари од мојата Sport Life сметка?
Исплатата на онлајн обложувалницата исто така се врши преку вашата трансакциска сметка а исплатените средства ќе бидат достапни на вашата трансакциска сметка за за неповеќе од пет работни дена. Најнискиот износ за овој вид на исплата изнесува 300 денари.
Sport Life грижа за корисници
Доколку се соочите со било каков проблем во тек на обложувањето, на располагање ви стои корисничката поддршка на Sport Life. Работното време на поддршката е од понеделник до петок од 9 до 21 часот и во сабота од 9 до 16 часот. Недела е неработен ден за корисничката поддршка. Корисничката поддршка можете да ја контактирате со пополнување на контакт формуларот на самиот вебсајт, со порака на е-маил адресата support@sportlife.com.mk или телефонскиот број + 389 77 728 333. Поддршката е навистина професионална и подготвена да го реши вашиот проблем. Доколку ја контактирате со пополнување на контакт формуларот или преку е-маил, одговорот ќе го добиете во наредните неколку часа во зависност во кој период од денот сте ги контактирале.
SportLife бонус за добредојде за македонски играчи
Sport Life се истакнува со својата навистина богата бонус категорија. Достапни се повеќе бонуси и промоции и во продолжение накратко ќе ви ги претставиме истите.
Sport Life бонус за добредојде
По примерот на секоја светска обложувалница, така и Sport Life нуди бонус за добредојде кој достигнува до 100% до максимални 6.000 денари за секој нов корисник.
Sport Life бонус – Рилоуд бонус
Можност за месечен Рилоуд Бонус од 50% до максимални 3.000 денари постои за веќе регистрираните обложувачи кои имаат направено прв депозит преку корисничката сметка. Секој месец, при секој прв депозит во тековниот месец, обложувачите стекнуваат право да го активираат месечниот Рилоуд Бонус.
Sport Life бонус – Типстер куп
Со секој уплатен тикет, без оглед дали е добитен или пак не се, обложувачите се натпреваруваат во Типстер купот преку кој следуваат награди за најуспешните во месецот.
Sport Life бонус – Бонус на тикети во живо
Бонусот за тикети во живо ви овозможува зголемена добивка во зависност од тоа колку натпревари сте одиграле на вашиот тикет. Добивате 5% повеќе доколку сте одиграле до два натпреварi, а ќе ви бидат пресметани 10% повеќе доколку сте одиграле три или повеќе од три натпревари.
Кешаут функција
Опцијата Кешаут (предвремена исплата на добивка) е можност која може да се искористи за тикети кои содржат натпревари кои се уште несе завршени под услов завршените натпревари да се погодени.
Со користење на оваа опција можете да извршите предвремена исплата на добивката, со износ помал од максималниот за чија пресметка како основа се земаат коефициентите на веќе завршените натпревари и коефициенти на натпреварите кои се уште се во тек или се уште не се започнати.
Oбложување во живо
Sport Life нуди одлични опции за обложување во живо. Понудата е широка, а коефициентите одлични. Во понудата во живо можете да ги најдете сите спортови кои се дел и од редовната понуда.
Sport Life мобилна верзија и iOS и Android апликации за смартфони
Sport Life има одлична мобилна апликација преку која имате можност за обложување а истите се достапни за Android и iOS како и со едноставна посета на вебсајтот преку пребарувачот на вашиот мобилен телефон. Двете опции ги нудат апсолутни сите функции како и десктоп опцијата за обложување.
Како се регистрирам на Sport Life Македонија?
Формуларот за регистрирање е целосно на македонски јазик и не би требало да имате било какви потешкотии во процесот на пополнување. Потребно е внимателно да ги внесете сите податоци кои се однесуваат на вас – име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење и град. Понатаму се внесуваат матичниот број и бројот на личната карта. Самите одбирате корисничко име, лозинка и означувате дека сте согласни со правилата и условите и правилата за користење. Линк со активациски код ќе ви биде испратен на вашата е-маил адреса со чие кликнување станувате активен корисник на обложувалницата Sport Life.
Најчесто поставувани прашање за Sport Life
Дали Sport Life нуди можност онлајн обложување?
Токму така, Sport Life нуди можност за онлајн обложување.
Дали моите лични податоци се сигурни во Sport Life?
Обложувалницата гарантира максимална заштита и приватност на вашите лични податоци.
Дали коефициентите во Sport Life се високи?
Sport Life се одликува со солидни коефициенти и нема да згрешите доколку ја одберете токму оваа обложувалница.
Генерално мислење за SportLife.com.mk
Sport Life е обложувалница која се труди да ги следи светските трендови. Напредокот е секојдневен и постојано во понудата има различни бонуси и промоции.